Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) може да ги промени правилата за одредување офсајд, пренесува „Marca“.
Според новите правила, офсајд позиција ќе се запише само доколку играч на екипата која е во напад со цело тело е пред последниот играч на противникот.
Иницијатор за промените беше поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер.
Правилото се тестира од ноември 2023 година на младинските турнири во Италија и Шведска. Успехот на експериментот ќе се процени не порано од февруари 2025 година