Мануел Нојер мораше да го напушти тренинг кампот на германската репрезентација поради повреда на мускулот.

Германскиот голман неодамна се врати по долга пауза поради повреда, а како што сега стојат работите ќе мора да започне нова, што особено нема да му се допадне на Баерн којго изгуби и Саша Боје поради повреда.

Нојер заработи уште една повреда на тренингот на репрезентацијата пред пријателскиот натпревар против Франција кој се игра за три дена.

Германскиот голман денеска ќе се врати во Минхен каде ќе му бидат извршени дополнителни прегледи и ќе се утврди степенот на повредата.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2024 04:19