Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн тренира одвоено од главната група на комплексот „Сент Џорџ“, пренесуваат англиските медиуми. Стрелецот се уште се опоравува од повредата што ја заработи при победата на Баерн Минхен со 5:2 против Дармштад во саботата.

Кејн тренира по индивидуална програма заедно со Џордан Хендерсон, Кол Палмер и Букајо Сака.

Остатокот од англискиот тим тренира со полна брзина пред претстојните натпревари против Бразил и Белгија на „Вембли“. Ова ќе бидат последни натпревари на репрезентацијата пред селекторот Герет Саутгејт да ја објави групата за Европското првенство.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2024 04:31