Стоперот на Њукасл, Свен Ботман ги скина вкрстените лигаменти на коленото и ќе биде подложен на операција и закрепнување од шест до девет месеци. Холандскиот дефанзивец се повреди на десет минути пред крајот на натпреварот во ФА Купот на Англија против Манчестер Сити.
Беа потребни неколку дена за да се намали отокот, а денеска Њукасл и официјално ја објави сериозноста на повредата на столбот на одбраната на тимот Еди Хау. Силниот дефанзивец ќе сака што побрзо да ја заборави оваа сезона бидејќи веќе три месеци е надвор од терените поради повреда на лигаментите на коленото, а во неделата ја заработи најтешката повреда на коленото за која е потребна операција и должината на паузата е секогаш неизвесна.
Според проценките на медиумите, Ботман би можел да се врати на теренот најрано на 1 октомври, но поизвесно е дека ќе почека до почетокот на 2025 година за да се врати на терените во Премиер лигата.
Ботман пристигна од француски Лил во летото 2022 година за 37 милиони евра, сезонава одигра 22 натпревари, со два гола и асистенции