Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез ќе се врати во игра за првиот натпревар на „црвените ѓаволи“ по репрезентативните натпревари кои се играат ширум Европа и светот, тврди „Скај Спортс“.

Надежта на Ерик тен Хaг е дека ќе добие неколку минути против Брентфорд на 30 март. Аргентинецот се здоби со повреда на коленото на самиот почеток на февруари и оттогаш не игра. Тоа беше голем удар за него, бидејќи Мартинез штотуку се врати од долгото лекување поради уште една повреда.

Дваесет и шест годишниот фудбалер моментално е во камп со репрезентацијата на Аргентина. Не се очекува да игра за светскиот првак, но ќе тренира со составот за да се подготви за последниот дел од сезоната, во кој Манчестер Јунајтед ќе се бори за пласман во Лигата на шампионите и ФА Купот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2024 04:17