Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт сака да го продолжи договорот со Фудбалската асоцијација (ФА) до крајот на Светското првенство во 2026 година, пренесува британски „Сан“.
Поранешниот фудбалски репрезентативец, кој на клупата на „Гордиот Албион“ е од 2016 година, им порача на челниците на ФА дека сака да остане на селекторската функција уште најмалку две години. Британските медиуми пренесуваат дека раководството на Фудбалскиот сојуз по претстојното Европско првенство во Германија ќе одлучи дали ќе го продолжи договорот со Саутгејт чиј договор е со важност до крајот на оваа година.
Некои британски медиуми објавија дека Саутгејт би можел да го преземе Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната, но селекторот на Англија во моментов не размислува за понуди од заинтересирани клубови бидејќи го чека ЕП 2024 и првиот натпревар во групата Ц против Србија. Сепак, доколку ФА на Англија слуша што зборуваат разни експерти и консултанти во јавноста, голема е веројатноста дека ќе има промени на клупата на „Гордиот Албион“ по 14 јули, без разлика на неговиот исход и пласманот на Англија. која го загуби претходното финале од Италија во Лондон.
Има многу поборници дека на клупата треба „свежа крв“, нова идеја и пред се стручњак кој исклучителна група играчи би направил победник на ЕП или СП