Селекторот на Германија - Јулијан Нагелсман ја прокоментира победата на неговиот тим со 2:0 против селекцијата на Франција во пријателскиот натпревар меѓу двете селекции, одигран синоќа на стадионот на Лион.

Ривалите одиграа контрола на 83 дена пред почетокот на ЕП 2024, чиј домаќин ќе биде токму Бундестимот.

-Честитки за тимот, тоа беше многу, многу добро! Првите 25 минути беа одлични. Можеби требаше да постигнеме уште еден гол. Стартот се одвиваше според планот, се беше совршено подготвено. Уште повеќе се подобривме во вториот дел и имавме три-четири шанси. И по неколку измени имавме две одлични можности. Сега кога е готово, јас сум исклучително задоволен, изјави Нагелсман.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 00:52