Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта увери дека холандскиот играч за врска Френки де Јонг се чувствува одлично во тимот.

-Френки е супер среќен овде. Заминувањето од Барселона е последното нешто што го сака. Секогаш ми кажува дека многу го сака клубот, а исто така сме многу среќни со него. Воопшто не сум загрижен за неговата иднина, изјави Лапорта за шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Дваесет и шест годишниот Френки де Јонг игра за Барселона од 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 00:53