Постоеше дилема дали Ерлинг Халанд ќе биде подготвен да игра за норвешката репрезентација на пријателскиот натпревар против Чешка, но напаѓачот на Манчестер Сити сепак беше вклучен во составот на својата репрезентација.

На тој меч беа поразени Норвежаните со 1:2, еден од најдобрите напаѓачи на денешницата на теренот мина 75 минути и за тоа време не успеа да постигне гол.

Тој детал е особено важен за статистичарите бидејќи е првпат по 2021 година Халанд да не ја затресе мрежата на ривалот на три последователни натпревари во националниот дрес.

Пред овој натпревар, центарфорот на Сити не успеа да постигне гол на натпреварите против Шпанија (0:1) и Фарски Острови (2:0), а неговиот последен гол за Норвешка беше на 12 октомври 2023 година, на натпреварот против Кипар (4:0) кога двапати ја погоди мрежата во квалификациите за ЕП, на кое Скандинавците на крајот не успеаја да се квалификуваат.

Халанд ќе има можност да ја прекине таа серија веќе во вторник, кога Норвешка во нов пријателски меч ја пречекува Словачка и на таа средба ќе го брка својот 28. гол во националниот дрес, а тоа ќе биде негов 31. настап.

Тоа практично значи дека на напаѓачот на актуелниот шампион на Англија му недостасуваат само седум гола за да биде најдобар стрелец на Норвешка на сите времиња, а не треба да заборавиме дека има само 23 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 01:03