Челниците на Ал Хилал од Саудиска Арабија подготвија нова, многу подарежлива понуда за првотимецот на Барселона, Рафиња, кого сакаат да го видат во својот клуб.
Пред неколку дена светските медиуми објавија дека Саудијците се подготвени да платат 80 милиони за неговите услуги, а сега пристигнува информација дека таа понуда ја „засилиле“ за уште 20 милиони и на Каталонците им нудат 100 милиони евра за овој одличен фудбалер.
Дополнително на сето тоа, самиот фудбалер би имал многу подобри услови во новата средина отколку што има во сегашниот клуб, каде месечно добива околу 5,5 милиони евра.
Наводно, во новата понуда на Ал Хилал има ставка дека Рафиња би заработил три пати повеќе пари во овој клуб отколку што моментално заработува во шпанскиот гигант.
За потсетување, Барселона за овој играч, кој го ангажираше во 2022 година, плати 57 милиони евра, а сега имаат можност не само да ги вратат тие пари, туку речиси да ги удвојат, а двете страни имаат валиден договор до 2027 година.
Останува да видиме дали дваесет и седумгодишниот Бразилец има желба да се пресели во Саудиска Арабија, откако во последните денови се пишуваше како неговите амбиции се поврзани со Шпанија, односно Европа.