Роберт Левандовски добил примамлива понуда од клуб од Саудиска Арабија, но не сака да ја напушти Барселона, објави „Мундо Депортиво“.

Дотичниот клуб на полскиот играч му понудил годишна плата од 100 милиони евра.

Напаѓачот влегува во клубот на фудбалери кои не се алчни за пари, откако нема намера да ја прифати високата понуда. Левандовски сака да остане во Барселона и следната сезона.

Минатата кампања, тој постигна 33 гола во 46 натпревари и помогна да се освои титулата во Примера дивизион.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 03:34