Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, се појави како опција број 1 доколку Чаби Алонсо реши да не го преземе Ливерпул на лето, пишува „Сан“.

Новиот спортски директор на „црвените“, Ричард Хјуз добро го познава шефот на Брајтон, бидејќи во младоста играше против него во Италија и исто така се обиде да го доведе во неговиот се уште актуелен клуб Бурнмаут.

Германскиот шампион Баерн Минхен се верува дека е новиот фаворит за потписот на Алонсо и токму поради оваа причина на „Енфилд“ на големо се разгледува можноста да го назначи 44-годишниот Де Зерби на местото на Јирген Клоп, кој ќе си замине на лето.

Ливерпул го следи Италијанецот уште пред да му се приклучи на Брајтон во 2022 година, но доаѓањето на Хјуз крај Мерсисајд може да се покаже како одлучувачко. Спортскиот директор ги помина своите рани години во Милано, каде што неговиот татко работеше за локална издавачка куќа, а Хјуз играше за Аталанта, која се соочи со Милан на Де Зерби.

Хјуз, кој сега има 44 години, потоа се приклучи на тимот на Еди Хау во Борнмаут, а неговата кариера заврши во 2014 година. Хјуз му пријде на Де Зерби во неговата улога како технички директор на „црешите“, откако Скот Паркер беше отпуштен во август 2022 година. Меѓутоа, во исто време, Греам Потер го напушти Брајтон и „галебите“ беа во можност да го убедат Де Зерби да го преземе тимот од „Амекс“.

Доколку се оствари интересот на Ливерпул, Италијанецот може да се најде пред сериозна дилема. Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не крие дека на својот колега од Брајтон гледа човек кој ќе го замени кога ќе ги напушти „граѓаните“, додека Барселона исто така е голем обожавател на Де Зерби.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 03:34