Англиските гиганти Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал се заинтересирани за дефанзивецот на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, пренесуваат локалните медиуми.
Лидерот во Бундеслигата го ангажираше холандскиот репрезентативец од Селтик за 11 милиони евра во летото 2021 година. Фудбалерот има договор со германскиот клуб до 2025. Се наметна како еден од најдобрите бекови во Германија.
Според информациите, тимовите од Премиер лигата ги следат неговите настапи и веќе ја започнале битката за неговиот потпис. Фримпонг во договорот има откупна клаузула од 40 милиони евра, сума која посочените клубови се подготвени да ја плата