Адвокатите на поранешниот фудбалер на Севилја и на Барселона, Дани Алвеш, платија кауција од еден милион евра. Фудбалерот е пуштен со кауција во очекување на жалбата по 14 месеци минати во притвор, објави „Marca“.
Претходно беше објавено дека семејството Алвеш има намера да земе заем од 1 милион евра, кој е потребен за да се плати кауција на суд.
На 22 февруари, судот во Барселона го осуди 40-годишниот Алвеш на 4,5 години затвор за силување девојка во ноќен клуб во каталонската престолнина во 2022 година.
Бразилецот добил наредба да плати и 150 илјади евра на жртвата во вид на морална отштета.