Напаѓачот на Болоња, Џошуа Зиркзи е главната трансфер цел на Милан.

Според новинарот Матео Морето, токму младиот Холанѓанец е на врвот на листата на посакувани засилувања на „росонерите“.

Зиркзи има импресивна сезона со тимот на Болоња и досега има 10 гола во Серија А, а неговата екипа се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Договорот на напаѓачот е до 2026 година. Тој беше купен од Болоња за 8 милиони евра во 2022 година, но Баерн го задржа правото да го врати за 40 милиони евра.

Сепак, последниот збор ќе го има самиот фудбалер



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2024 04:24