Тренерот на Барселона, Чави може да го преземе Челси на лето, објавија денеска британските медиуми.
Раководството на англискиот клуб сака да работи со шпанскиот тренер, кој ќе ја напушти Барса по завршувањето на актуелната кампања во Примера.
Шефовите на шампионот на Шпанија за 2023 година не сакаат да го пуштат стручњакот, бидејќи се задоволни од работата на стадионот „Камп Ноу“.
Њукасл, исто така, е заинтересиран за привлекување на 44-годишниот поранешен фудбалер, кој со репрезентацијата на Шпанија стана европски и светски шампион.
Во моментов Челси се наоѓа на 11. место во поредокот во Премиер лигата со 39 бодови. Менаџер на „сините“ е Аргентинецот Маурисио Покетино, кој често е критикуван од медиумите во Англија и навивачите на главниот град.