Поранешниот тренер на Рома и Порто, Жозе Мурињо изјави дека двапати му било понудено да ја води репрезентацијата на Португалија. Тој рече дека не жали што тоа се уште не се случило.
-Првиот пат бев во Реал Мадрид, но Флорентино Перез ми рече: „Нема шанси“. Вториот пат беше во Рома, каде што добив отказ неколку месеци подоцна... но не жалам, изјавил Мурињо, цитиран од новинарот Фабрицио Романо.
Португалскиот стручњак ја напушти Рома во јануари 2024 година. Заедно со Римјаните, Мурињо ја освои Конференциската лига во сезоната 2021/22. Во сезоната 2022/23, Волците стигнаа до финалето на Лига Европа.
Освен римскиот клуб, Мурињо ги тренирал и Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челси, Реал Мадрид, Интер и Порто