Килијан Мбапе покажа смисла за хумор во текот на целата сага за неговиот трансфер во Реал Мадрид. Тој се пошегува на сметка на Аурелиен Чуамени, велејќи дека Шпанците точно ќе знаат колку е добар Мбапе, едвај кога ќе игра во земјата, алудирајќи на негова преселба во Реал Мадрид.
-Со ПСЖ имаме натпревари против Барселона во Лигата на шампионите. Ако ги победиме, можеме да се сретнеме со Атлетико Мадрид. Така, всушност ќе ме видите во Шпанија, рече Мбапе, цитиран од популарниот новинар Алфредо Педула. ПСЖ ќе игра против Барса во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а натпреварите се на 10 април во Париз и 16 април во каталонската престолнина. Победникот од оваа двојка во полуфиналето ќе се соочи или со Атлетико Мадрид или со Борусија Дортмунд.