Леброн Џејмс поради настинка го пропушти мечот на Лос Анџелес лејкерс со Минесота тимбервулвс рано утрово.

Тимот од Лос Анџелес без својата прва ѕвезда во составот, загуби со 127:117.

Во саботата, Леброн им помогна на Лејкерси да ги совладаат Кливленд кавалирс, постигнувајќи 24 поени и 12 асистенции.

Триесет и деветгодишниот кошаркар го пропушти 11-от натпревар од сезоната 2023/24. Неговиот просек е 25,4 поени, 7,2 скока и 8,2 асистенции по натпревар.

По 79 одиграни натпревари сезонава во НБА-лигата, Лејкерс имаат биланс 45 победи и 34 порази и се наоѓаат на 9. место во Западната конференција



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2024 12:59