На подрачјето на Бит Пазар денеска во 06.00 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода К.Д.(18) од Кавадарци, Т.И.(18) од Скопје и двајца малолетници од Скопје.

Како што соопштија од МВР, тие се сомничат дека претходно одзеле патничко возило „југо“ и извршиле „тешки кражби“ во повеќе возила на подрачјето на општина Аеродром, при што одзеле повеќе предмети.

- Возилото и одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се појаснува во соопштението од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2024 23:32