Нашите пожарникари се секогаш овде и се во служба на нашите граѓани во општините Штип и Карбинци, истакна денеска штипскиот градоначалник Иван Јорданов на средбата со пожарникарите во Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, по повод Денот на пожарникарите. Посочи дека како локална самоуправа, согласно децентрализацијата имаат преземено обврски кон пожарникарите. Тој се надева и е убеден, како што вели дека со новата влада ќе биде исправена една неправда, кон Општина Штип во делот на доделување на средствата од блок дотациите.

-Од Министерството за одбрана и од Министерството за финансии недоволен износ на финансиски блок дотации беа трансферени кон Општина Штип за исплата на плати и обврски кон ТППЕ-Штип. Целата обврска досега ја сервисираше локалната самоуправа, кратејќи од други ставки од буџетот на Општина Штип, вели Јорданов.

Тој порача дека овој ден е за гласно да се зборува за состојбите во пожарникарството и укажа на потребата за обновување на опремата и возилата во ТППЕ-Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2024 19:21