Територијалната противпожарна единица-Битола наскоро ќе добие нов нов објект, најави градоначалникот Тони Коњановски на денешната свеченост по повод 20 мај – Денот на пожарникарството во Македонија.
Според градоначалникот Коњановски, новата противпожарна зграда за која се обезбедени 52 милиони денари, во целост ќе ги исполни барањата и ефикасноста на пожарникарите.
-Славиме 188 години за првата противпожарна единица на Балканот, формирана во 1836 година во Битола. Ова е многу значајна институција, во која ние навистина сакаме да дадеме придонес, но и да ги подобриме условите за работење. Во таа насока, покрај повеќегодишните напори да се направи нешто во тој однос, за подобрување на стандардот и условите во кои работат овие наши херои, оваа година, веќе почнавме со работите на терен за изградба на новата зграда на ТППЕ Битола. Ќе добиеме нов објект, на површина од 1600 метри квадратни, во вредност од над 52 милиони денари. Стариот објект во центарот на Битола ќе добие адекватна замена и нова локација, во нов објект во поранешната касарна, истакна Коњановски.
Во знак на благодарност за посветеноста и пожртвуваноста, од оваа година општината воведе нова пракса, доделување благодарници на пожарникарите Јоше Влинтовски и Марјан Гиновски, а на предлог на вработените награден беше и пожарникарот Владо Наумовски.
Според востановената традиција, на денот на празникот, делегации попожија цвеќе пред спомен плочата на македонските пожарникари