Се ближи крајот на преговорите меѓу Лука Модриќ и Реал Мадрид околу прашањето за нов договор, а според најавите на шпанските медиуми, епилогот е дека хрватскиот фудбалер ќе остане во клубот најмалку уште една година.

Шпанска „Марка“ наведе и дека Модриќ, кој мина 12 од последните сезони во Мадрид, се согласил на значително намалување на платата и дека и покрај бројните понуди сепак одлучил дека Реал е најдобрата можна опција за него.

-Лука го прифати намалувањето затоа што сака да ја заврши кариерата во Реал. Неговата амбиција е да биде капитен на Реал, сака да влезе во историјата со освојување нови трофеи и особено уште една Лига на шампиони, пишува, меѓу другото, „Маркa“.

Лука Модриќ кариерата ја започна во Динамо Загреб во 2003 година, а по кратките позајмици во Зрињски и Интер од Запрешиќ, во 2008 година го облече дресот на Тотенхем. Следните четири сезони ги помина во Лондон, а од 2012 година е стандарден член на гигантите од Мадрид со кои освои буквално се што може да се освои.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2024 04:45