Репрезентацијата на Германија може да учи од неодамнешниот освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид и да се обиде да го земе убиствениот инстинкт од шпанскиот шампион, смета дефанзивецот Антонио Рудигер.
Германскиот репрезентативец ја освои Лигата на шампионите со Реал во саботата по победата од 2:0 над Борусија Дортмунд, а германскиот тим имаше добри шанси за гол, особено во првото полувреме.
Тоа беше 15-та титула за Реал на турнирот, а тимот нема пораз во финалињата повеќе од 40 години.
-Германија и Реал Мадрид се различни парови копачки. Тука имаме многу добар систем кој одговара на натпреварите, но од Мадрид можеме да го земеме инстинктот на убиец. Нашиот последен натпревар против Украина беше супер добар. Не сме одиграле 0-0 долго време, но пропуштивме многу шанси и во тој поглед можеме да земеме нешто од Мадрид, изјави Рудигер на прес-конференцијата на националниот тим во базата во Херцогенаурах.
Германскиот тим потфрли и на Светското првенство во Катар во 2022 година, откако се мачеше пред голот и вторпат по ред испадна од групите. Селекцијата во петок ќе игра со Грција на последниот тест пред почетокот на Европското првенство, кое го отвора со мечот против Шкотска на 14 јуни.
-Очекувањата во нашата земја се огромни. Имаме важен последен тест во петок. Тоа е важно за самодовербата. Мораме да бидеме скромни. Знаеме што се случи на последните турнири. Имавме подеми и падови на патот. Важно е да одиграме многу добар прв натпревар и ќе видиме што ќе се случи следно во првенството, изјави и Антонио Рудигер