Зинедин Зидан призна дека ги „наполнил батериите“ и е подготвен да му се врати на фудбалот. 51-годишната легенда одмара веќе три години откако ја напушти тренерската функција во Реал Мадрид.

Се шпекулираше дека Зизу би можел да стане селектор на Франција, но на Дидие Дешам му беше продолжен договорот.

-Иако е потребно многу енергија, мислам дека е време да се вратам на фудбалот. Мојата пауза траеше предолго. Вистина е дека животот на тренерот е заморувачки, но во исто време и недостасува. Ќе видиме кога ќе се вратам, призна Зидан.

Легендарниот плејмејкер го тренираше само Реал Мадрид, со два повеќе од успешни престои на „Бернабеу“. Со текот на годините, гласините го поврзуваа со неговите поранешни клубови Јувентус и Олимпик Марсеј, како и со гигантите Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2024 04:08