Предводникот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт е најплатен меѓу селекторите на 24 репрезентации кои ќе настапат на Европското првенство во Германија.
Годишната плата на Саутгејт изнесува 5.8 милиони евра.
Зад него е германскиот селектор Јулијан Нагелсман со 4.8 милиони евра, а на третото место е селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, кој годишно заработува четири милиони евра. Најниска годишна плата, која изнесува 200.000 евра, има селекторот на дебитантот Грузија, Вили Сањол.
Европското првенство почнува в петок со дуелот меѓу домаќинот Германија и Шкотска