Португалецот Кристијано Роналдо нема да стане нов фудбалер на Фенербахче, тврди тренерот на овој клуб Жозе Мурињо, цитиран од турските медиуми.
„Специјалниот“ во свој стил изјави дека неговиот сонародник може да дојде во Истанбул само да го види и дека нема врска со трансферот, со што ги демантираше информациите кои се појавија во саботата.
-Кристијано Роналдо може да дојде во Истанбул да се одмори на пат за Португалија, бидејќи тоа е на половина пат. Или може да се качи во приватен авион и да дојде во Турција и да руча со својот стар пријател Жозе Мурињо“, рече тренерот на Фенер и додаде: „На оние кои пишуваат дека ќе стане нов играч на Фенербахче, можам само да им кажам дека се целосно несвесни за глупостите што ги пишуваат, а можеби и уживаат да објавуваат такви глупости“.
Во последното коло од турскиот шампионат Фенербахче победи против Кајзери со 6:2 и тоа беше на гости, а Мурињо и по тој натпревар покажа каков перфекционист е.
-Ако Фенер играше како што сакам јас, немаше да победиме со 6:2, туку 8:0 и немаше да дозволиме ривалот да дојде до 3:2 по 3:0, изјави Муирњо.