Францускиот репрезентативец Адриен Рабио призна дека не го разбира ставот на навивачите на Пари Сен Жермен, неговиот младински клуб, за неговиот потпис за големиот ривал Олимпик Марсеј.

-Нема што да се лаже - кога бев во Пари Сен Жермен, ништо не ми даваа бесплатно, не ми даваа подароци. Кога бев „замрзнат“ во мојата последна сезона во ПСЖ, навивачите не застанаа зад мене, рече играчот од средниот ред во телевизиско интервју за TФ1.

Во 2018 година, Рабио се пресели како слободен играч во Јувентус, каде остана пет години.

-Мораме да престанеме со лицемерието. Она што не го разбирам е недостатокот на почит. Луѓето можеби не се среќни, можеби се разочарани, тоа е она што јас го разбирам. Но, недостатокот на почит на социјалните мрежи не можам да го прифатам. Тажно е да се видат овие работи, но тоа е фудбалот, додаде тој.

Рабио потпиша за две години во Олимпик Марсеј.

-Колку долго ќе останам? Многу сум инстинктивен, зависи од тоа како ќе се одвиваат работите. Јас сум натпреварувач и сакам околу мене играчи кои можат да го одведат тимот на навистина висока позиција, додаде Рабио, кој неодамна постигна два гола во победата на Франција над Италија со 3:1 во Лигата на нации



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 03:35