Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашањето кои селекции ги смета за фаворити на претстојното Европско првенство во Германија.
„Германија и Шпанија. Англија? Тие се сè поблиску до конечна победа. Време е тие да го направат тој чекор. Имаат многу добра генерација во средниот ред и нападот. Живеам во Велика Британија, па ме интересира како ќе се претстави овој тим“, изјави Гвардиола.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.
Во воведниот натпревар ќе играат домаќинот Германија и Шкотска.