Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одговори на прашањето кои селекции ги смета за фаворити за Европското првенство во Германија кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.

-Германија и Шпанија. Англија? Се поблиску до конечна победа. Време е тие да го направат тој чекор. Имаат многу добра генерација во средниот ред и нападот. Живеам во Велика Британија, па ме интересира како ќе се претстави овој тим“, изјави Гвардиола пред новинарот Виктор Наваро.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2024 11:27