Новиот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани се поврзува со уште еден играч од англиската Премиер лига.

Според „Мирор“, дефанзивецот на Ливерпул, Џо Гомез е на нишанот на Белгиецот. 27-годишниот фудбалер имаше силна сезона со „црвените“, откако беше користен на три позиции - среден, десен и лев бек. Благодарение на ова, тој обезбеди место во составот на Герет Саутгејт за Европското првенство во Германија.

Проблемот за Компани е што сигурно Ливерпул нема да сака да се раздели со Гомез, кој има договор со клубот до 2027 година.

Леви Колвил од Челси е другиот играч со кој Компани сака да ја засили одбраната на Баерн, но сличен е случајот и овде бидејќи лондончани нема да сакаат да го продадат 21-годишниот талент



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2024 13:19