Холандскиот прволигаш Феенорд потпиша тригодишен договор со Брајан Приске (47) од Спарта Прага за да ја преземе тренерската функција откако Арне Слот замина во Ливерпул.
- Сигурно не брзавме во потрагата по нов тренер. Тоа беше процес кој траеше многу месеци, во кој покрај мене внимателно беа вклучени неколку колеги и интензивно беа следени многу тренери со цел да видиме кој најмногу одговара на нашиот посакуван профил“, изјави техничкиот директор на Феенорд, Денис те Клоесе,
Изминатата сезона, Феенорд под водство на Слот беше втор во лигата, но го освои купот. Слот, кој ги доведе до титулата во 2023 година, го замени Јирген Клоп во Ливерпул