Капитенот на Шпанија, Алваро Мората, зборуваше за својата иднина во Атлетико Мадрид поради гласините за претстојните трансфери во гигантот.

-Гледам во печатот дека Атлетико сака да ангажира осум напаѓачи, ќе бидам искрен... Изгледа дека не сум приоритет за клубот. Во октомври ќе наполнам 32 години, не можам да останам во Атлетико и да не играм, да не бидам приоритет на клубот. Генерално, најлесната работа минатата година беше да го напуштам Атлетико. Имав подобри понуди од големи тимови од финансиски аспект, но имав илузија дека ќе ја освојам титулата, изјави Шпанецот.

Мората во изминатата сезона одигра 48 натпревари за шпанскиот клуб, на кои постигна 21 гол и 5 асистенции. Договорот на напаѓачот со Атлетико е до средината на 2026 година



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2024 12:56