Ерик Тен Хаг поставил одредени услови за Манчестер Јунајтед за да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“.
Потсетуваме, вчера медиумите во Англија излегоа со информација дека Манчестер Јунајтед одлучил да го остави Тен Хаг на чело на тимот.
Разговорите меѓу двете страни за обновување на договорот на стручњакот веќе се започнати.
„Сан“ тврди дека еден од условите на Холанѓанецот е поврзан со Џејден Санчо.
Многу е можно фудбалерот да се врати во англискиот тим откако ќе заврши неговиот престој во Борусија Дортмунд.
Ерик Тен Хег, сепак, очекува Санчо да се извини. Во спротивно, нема да го прифати назад, тврдат медиумите на Островот