Македонската сениорска репрезентација во футсал забележа денеска победа од 2-0 на првиот од двата контролни натпревари против Црна Гора на гостински терен.

Македонската репрезентација постигна по еден гол во двете полувремиња на дуелот одигран во Никшиќ Драган Петровиќ и Таулант Исмаил.

Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.

Вториот контролен натпревар против Црна Гора е закажан за утре од 17:00 часот



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2024 20:09