Јапонскиот фудбалер Хироки Ито е нов играч на Баерн, потврди денеска германскиот клуб.
Ито во Баерн пристигнува од Штутгарт и потпиша четиригодишен договор со Баварците.
Тој е првото засилување на новиот тренер на Баерн, Винсент Компани, кој минатиот месец го замени Томас Тухел на клупата.
- Сакаме „гладни“ играчи кои носат нова енергија, а Хироки има сè што сакаме: тој е играч кој прифаќа предизвици, ги надминува и продолжува да притиска напред“, изјави членот на спортскиот комитет на Баерн, Макс Ербел.
Баерн не ја објави висината на трансферот, а според германскиот магазин Кикер, најтрофејниот бундеслигаш ќе му плати на Штутгарт 23 милиони евра плус потенцијални бонуси на име обештетување.