Селекторот на италијанската репрезентација, Лучано Спалети, воведе голем број строги правила за своите играчи кои ќе важат за време на Европското првенство, пишува „Кориере дело спорт“.

Спалети воведе ограничување за користење на мобилни телефони: тие можат да се користат само пред ручек и вечера, но никогаш на маса за масажа или за време на тимските состаноци. Употребата на слушалки е целосно забранета во тимот. Играњето на PlayStation е дозволено, но само во собата за игри и најдоцна до полноќ. Смеата и шегите во тимот треба да бидат одмерени и да не влијаат на концентрацијата на тимот.

Италијанците на ЕП 2024 ќе играат во групата Б со Шпанија, Хрватска и Албанија



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2024 20:41