Сопственикот на Рома, Ден Фридкин постигнал договор за купување на Евертон од Фархад Мошири, ексклузивно пренесува „Скај спортс“.

Американецот уште минатата недела упатил понуда кон актуелниот мнозински сопственик и денеска бил информиран дека неговата понуда е прифатена. Од „Скај спортс“ додаваат дека во следните 24 до 48 часа Фридкин ќе добие ексклузивитет и двете страни ќе продолжат да преговараат за деталите за комплетирање на зделката, која потоа ќе треба да биде верификувана и ратификувана од Премиер лигата.

Ова е исклучително добра вест за навивачите на Евертон, откако „карамелите“ западнаа во многу тешка финансиска криза. Тие беа двапати казнети со одземени бодови од раководството на Премиер лигата минатата сезона, посебно поради кршење на финансиските регулативи и правилата за одржливост. Тие забележаа загуби вредни 371,8 милиони фунти во последните три сезони.

Ситуацијата дополнително се искомплицира на почетокот на јуни, кога уште еден инвестициски фонд „777 Партнерс“ официјално не успеа да влезе како нов сопственик на „Гудисон парк“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2024 02:28