Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ќе остане во редовите на италијанскиот фудбалски прволигаш Милан, објави денеска шпанскиот новинар Матео Морето.

Дваесетишестгодишниот Јовиќ се договори за продолжување на соработката и за претстојната сезоната 2024/25.

Јовиќ беше меѓу играчите на Милан чија иднина во тимот беше нејасна.

Српскиот репрезентативец дојде во Милан минатото лето без обесштетување од Фиорентина.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2024 16:32