Англискиот премиерлигаш Брајтон за нов менаџер го ангажираше 31-годишниот Фабијан Хурцелер, кој доаѓа од новиот германски прволигаш Сент Паули.
Со само 31 година тој ќе стане најмладиот менаџер во историјата на Премиер лигата.
На клупата на Брајтон, Хурцелер ќе го замени Италијанецот Роберто Де Зерби, под чие водство „Галебите“ минатата сезона за првпат играа во европските натпреварувања и стигнаа до осминафиналето на Лига Европа, но го освоија само 11. место во Премиер. лига.
Хурцелер е роден во Хјустон, но со семејството се преселил во Германија на две години.
Тој го водеше Сент Паули од декември 2022 година до крајот на оваа сезона, кога со клубот од Хамбург ја освои титулата во германската втора лига и избори промоција во Бундеслигата.