Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо е трансфер цел на англискиот шампион Манчестер Сити во летниот преоден рок, пренесува весникот „Мундо Депортиво“.

Олмо се поврзува со враќање во Барселона, но каталонскиот гигант не е во поволна финансиска позиција да ја плати откупната клаузула од 60 милиони евра на неговиот сегашен тим РБ Лајпциг.

Интерес за 26-годишниот шпански напаѓач покажуваат и други европски тимови, вклучувајќи ги ПСЖ и Баерн Минхен, но Сити, според медиуми, во моментов е фаворит за негов потпис.

Клучен фактор за иднината на шпанскиот фудбалер ќе биде и фактот дека откупната клаузула во неговиот договор важи до 15 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2024 22:13