Во пресрет на вечерашниот натпревар од групата Ц меѓу Србија и Англија, во центарот на Гелзенкирхен дојде до судир меѓу навивачите на двете репрезентации.

Се фрлаа столици, маси и шишиња, а наводно има и повредени.

Германската полиција приведе, засега, непознат број навивачи.

Според репортерот на Билд, можно е во судирите да учествувале и албански навивачи.

Според видеоснимките кои можат да се најдат на интернет, запалени се и знамиња на Албанија и Англија



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2024 22:57