Капитенот на Англија, Хари Кејн го сподели своето мислење за соиграчот од репрезентацијата Џуд Белингем. Фудбалерот на Реал синоќа го постигна единствениот гол на натпреварот против селекцијата на Србија (1:0) во првото коло од групната фаза на Европското фудбалско првенство 2024.

- Белингем е неверојатен фудбалер. Тој ги заслужува сите пофалби што ги добива. Се е до неговиот стил на игра, самодовербата, способноста да влијае на текот на натпреварот. Важно е играчите на негова позиција да постигнуваат голови, а тој го прави тоа, изјави Кејн за „BBC Sport“.

Претходно, тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег, исто така го пофали Белингем.

Во следниот натпревар од групата Ц Англија ќе игра со Данска на 20 јуни, додека Србија истиот ден ќе се сретне со Словенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2024 13:47