Селекцијата на Англија ја синоќа победи Србија (1:0) во натпреварот од 1. коло од групата Ц на Евро 2024 година.

Фудбалерите под водство на селекторот Герет Саутгејт четврти пат по ред победија на својот прв натпревар на голем меѓународен турнир.

Претходно, Англија под водство на Саутгејт победи против Тунис (2:1) на СП 2018, против Хрватска (1:0) на ЕП 2020 и против Иран (6:1) на СП 2022 година.

Саутгејт ги доби сите први натпревари на големите турнири - нешто што на ниту еден друг селектор на Англија досега не му успеало.

Воедно, Саутгејт го израмни и рекордот на Волтер Винтерботом по бројот на турнири како селектор на репрезентацијата на Англија. Двајцата имаат четири големи натпреварувања со Британците.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2024 13:55