Шпанските медиуми објавија дека германскиот дефанзивец Матс Хумелс е на прагот да потпише договор со Мајорка. Ова го соопшти агентот на светскиот шампион од 2014 година, Тимо Бол, кој живее во Мајорка. „Сето тоа е само прашање на детали“, изјави Бол за изданието.
Матс Хумелс ја напушти Борусија Дортмунд на крајот на сезоната откако играше во финалето на Лигата на шампионите. Тој е вистинска легенда за клубот, откако играше 13 години за „жолто-црните“.
Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ објави дека Хумелс има контакти и со Рома, од каде сакаат да го привлечат искусниот дефанзивец во тимот за следната сезона.