Еден од фаворитите на ЕП – Франција, со тежок минимален успех од 1:0 го започна првенството над Австрија во средба од групата „Д“.

„Петлите“ ги зграпчија трите бода по автоголот на Максимилијан Вебер во 38. минута, по кој се израмни со Холандија, која ја победи Полска со 2-1 во другиот натпревар од групата.

Избраниците на Дидие Дешан се соочија со сериозен отпор од тимот на Ралф Рангник, поради што натпреварот не помина според очекувањата на многумина.

При 0:0 Австријците пропуштија шанса сами против голманот, а две минути подоцна си постигнаа автогол



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2024 05:22