Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо веќе ги собори своите први два рекорди на Евро 2024 благодарение на неговиот старт против Чешка, прв за неговата репрезентација на Европското првенство во Германија.

Триесет и девет-годишниот напаѓач стана единствениот играч во историјата кој учествувал во шест изданија на турнирот. Неговото прво Европско првенство беше во Португалија во 2004 година и оттогаш не пропуштил ниту едно Европско првенство. Зад него се неговиот сонародник Пепе и Хрватот Лука Модриќ за кого ЕП 2024 е петти ваков турнир.

Исто така, за капитенот на Португалија мечот со Чешка е број 26 на турнирот. Така тој го подобри сопствениот рекорд на натпревари на Европското првенство. На второто место повторно е Пепе, за кого ова ќе биде 20-та средба на европските завршници. Во досегашните 25 натпревари, Кристијано постигна 14 голови, што воедно е врв во историјата на турнирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2024 21:40