Селекторот на португалската фудбалска репрезентација Роберто Мартинез е задоволен од играта на своите избраници на натпреварот против Чешка во првото коло на Евро 2024 година.
Португалците синоќа во Лајпциг победија со 2:1, откако Чесите први дојдоа во водство.
- Денеска не беше игра за да се оцени тактиката, техниката или физичката состојба на тимот. Победивме денеска затоа што покажавме издржливост, волја и верба. За првпат извојувавме победа со силна волја, покажувајќи неверојатен карактер, изјави Мартинез.
Во второто коло на ЕП 2024 Португалија ќе игра против Турција, а Чешка ќе се сретне со Грузија. Двата натпревари ќе се одиграат на 22 јуни.