Лестер сити го назначи Велшанецот Стив Купер за нов тренер, објавија денес британските медиуми.
Договорот со 44-годишниот фудбалски стручњак е до летото 2027 година.
Последната работа на Купер беше во Нотингем Форест, кој го напушти во декември минатата година. Пред ова, Купер ги тренираше Свонси и јуниорскиот тим на Англија.
Лестер минатата сезона победи во Чемпионшип и се врати во Премиер лигата.
Тимот постигна промоција во Премиер лигата под водство на Енцо Мареска, кој премина во Челзи.