Украина ја победи Словачка со 2:1 во нивниот втор натпревар од групната фаза на ЕП 2024 за да ги задржи живи шансите за пласман во следната фаза.

„Жолто-сините“, кои го загубија првиот меч катастрофално со 0:3 од Романија, мораа да направат целосен пресврт со головите на Микола Шапаренко (54') и Роман Јаремчук (80') во вториот дел, откако претходно Иван Шранц ги доведе Словаците во резултатска предност.

Така Романија, Украина и Словачка сега имаат по три бода во група „Е“, а фаворитот во неа Белгија е на дното.

Утре од 21 часот Романците се соочуваат со „црвените ѓаволи“ во вториот натпревар за двете селекции од програмата на европските завршници.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2024 04:27